Home ЗАБАВА Занимливости Едвај ги спаси нозете, а сега ќе остане без половина задник

Едвај ги спаси нозете, а сега ќе остане без половина задник

SHARE

Првата придружничка на Мис БумБум 2012 година, Андреса Урах (27), повторно е во болница и во животна опасност.

Откако едвај ги спаси нозете, затоа што мускулите почнаа да и скапуваат поради опасниот козметички гел кој го вбризгала за да постигне поубав облик на нозете, сега има инфекција на имплантите на задникот.

Во декември 2014 година таа помина еден месец на интензивна нега, а сега се наоѓа на истото место во болницата во Сао Паоло.

Мис Бум Бум повторно во болница

Таа била итно префрлена во болница откако се разбудила со огромен оток и воспаление на задникот.

Веднаш била оперирана, извадени и се опасните супстанци од левиот задник затоа што тоа било закана да ги изгуби нозете, но и животот.

Мис Бум Бум повторно во болница

– Многу ме боли, но Господ е со мене. За се самата сум виновна, претерав со операциите и си го доведов здравјето во опасност. Фала Богу, повеќе не ми треба телото за работа и сега можам да работа нормална работа и така да заработувам за своето семејство. Повеќе би изгубила половина задник, отколку да умрам, порачала Андреса од болничкиот кревет.

Урах во последните 5 години беше на девет пластични операции и сега плаќа голема цена за непрофесионално извршената работа.

Мис Бум Бум повторно во болница

Инаку, денеска таа работи како ТВ презентерка, а вака изгледаше некогаш.

Мис бум Бум

РЕКЛАМИ:
Loading...