Home СПОРТ Ракомет ЕХФ потврди: Македонија без Кире Лазаров до крајот на првенството

ЕХФ потврди: Македонија без Кире Лазаров до крајот на првенството

SHARE

Синоќа на натпреварот со Шпанија, Кире Лазров во првите 11 минути мораше да го заврши натпреварот поради повреда.

Најпрво Раул Гонзалез рече дека не верува дека капитенот ќе се врати во игра до крајот на првенството, а сега и ЕХФ го вели истото.

ЕХФ на својот Твитер профил потврди дека синоќа беше последниот натпревар за капитенот Кире Лазаров.

Оваа информација треба да стане официјална во текот на денот откако ќе му бидат избршени деталните прегледи.