Home INFO Ексцентричен милијардер: Децата на Џеф Безос си играат со ножеви

Ексцентричен милијардер: Децата на Џеф Безос си играат со ножеви

реклама:G Natural

Најбогатиот човек на светот е мета на новинарите, најмногу поради ексцентричниот живот.

Џеф Безос е роден во Мексико во 1964 година. Неговата мајка кога го родила била тинејџерка а таткото рано го напуштил семејството.

Џеф бил талентирано дете и стипендист на универзитетот Принстон каде дипломирал информатика и електротехника.

Со бившата сопруга Мекензи работеле заедно во Њујорк. По шест месечна врска се венчале и имаат четири деца.

Начинот на кој тие ги одлгедуваат своите деца ја заинтригира јавноста.

Во едно интервју Безос истакнал дека на неговите деца им било допуштено од четиригодишна возраст да играат со ножеви а веќе од седмата година и да ракуваат со електрични алати.

Според Џеф, на овој начин на децата им се овозможува да превземат ризик, да се потпрат на себеси и да учат да се снаоѓаат, а ова го смета за основна особина во деловниот но и во секојдневниот живот.

По 25 години брак, Џеф и Мекензи соопштија дека се разведуваат.

Американските медиуми објавија дека причината за разводот е Лорен Санчез, поранешна ТВ-водителка.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------