Home ИНТЕРВЈУ Ексклузивно интервју со романската атракција Ина (видео)

Ексклузивно интервју со романската атракција Ина (видео)

SHARE

Романската атракција Ина имаше незаборавен настап на сцената на овогодинешниот „Пивофест“ во Прилеп.

26-годишната Ина зад себе веќе има неколку хитови кои се искачија на првото место на европските Билбод листи, а нејзиниот албум „Hot“ достигна интернационален успех појавувајки се дури и на светските музички листи.

Пред настапот во Прилеп згодната Ина во интервју за „Екстра Ексклузив“ откри како е да се биде ѕвезда од светски рамки.

1. Ина добредојде во Македонија. Прв пат ли си овде?

Да, прв пат сум овде и сум многу среќна.

2. Од неодамна го објави твојот трет албум „Party Never Ends“,кои се твоите ипмпресии од него?

Ми се допаѓа многу, пред се тоа е мој албум и нормално е да го кажам ова. Сакам да кажам дека премногу работев на него.

Почнав да пишувам текстови за моите песни, а албумот напредува одлично, гледам дека моите фанови навистина уживаат слушајќи ја мојата музика.

Се чувствувам малку одговорна за тоа…се чувствувам добро, фантастично и морам да кажам дека јас постојам за моите фанови и сакам да им се заблагодарам за целата поддршка која ми ја даваат на мојата Фејсбук страна, на радио станиците кога ги бараат моите песни.

И да се чувствувам одлично, се чувствувам среќно, мислам дека дури немам време да сфатам дека сум успешна и дека имам број еден хитови и сакам само да живеам како да сум само кул девојка која понекогаш излегува на сцена и пее за луѓето како нормална работа.

3. Тешко ли е да живееш нормален живот?

Пааа… не е тешко… ако сакаш да ти биде тешко тогаш ќе живееш така. Ако сакаш да ти биде едноставно и ако сакаш да го правиш тоа што го сакаш, тогаш е полесно.

Неможам баш да кажам дека е многу тешко и исцрпувачки, дека не ве советувам да бидете пејач… не, воопшто не е така. Тешко е понекогаш, но затоа што го правам тоа што го сакам, тоа е мојот живот и ми се допаѓа,ми се допаѓа многу.

4. Дали имаш пријатели помеѓу славните личности?

Имам пријатели… работам со големи уметници ако зборуваме за продуценти. Имам пријатели со кои соработувам како FLO RIDA, а ги познавам скоро сите познати ди џеи затоа што настапувам со нив на Ибица, таму заедно се забавуваме… имам многу пријатели, дури и неможам да се сетам сега …не сакам да се фалам со ова.

Прекрасната Ина и  нејзиното ексклузивно интервју за Македонската публика можете да го погледнете во продолжение.

РЕКЛАМИ: ---