Home ИНТЕРВЈУ Ексклузивно со Беквалац: Со Владо се растргнавме на различни страни

Ексклузивно со Беквалац: Со Владо се растргнавме на различни страни

SHARE

На медиумите изминатиов период им е „слаба точка“.

Редовно ја следат, пишуваат за нејзиниот приватен живот, но сето тоа со една причина.

Имено, „српската барбика“ Наташа Беквалац изминатиов период јавно призна дека е во врска со Владо Вуксановиќ, нејзиниот поранешен сопруг изјави дека се „срами“ од неа, наскоро го најави новиот албум..зарем нешто треба да се додаде?

Веридба, раскинување, нов стан, ново дете…Наташа Беквалац и Владо Вуксановиќ дефинитивно заедно со Милан и Северина се најозборуваниот пар на Балканот.

Поради тоа го искористивме настапот на Беклавац во Скопје изминатиот викенд за да малку прочепкаме во деталите, за кои сме жедни да ги дознаеме, а се поврзани со сите афери, скандали, изјави…

1. Наташа не си за прв пат во Скопје! Си разговаравме пред и официјално да го почнеме интервјуто и ми кажа многу убави зборови за Скопје и Македонија. Кажа дека тука ги имаш најдобрите пријатели…

-Па од почетокот на мојата кариера јас сум секогаш добродојдена и во Македонија, пред се во Скопје. Секогаш се радувам кога на секој повик кога е Скопје во прашање. Тука имам многу пријатели, со оглед дека веќе со години многу добро работиме, а во Скопје сум исто како дома.

2. Ајде прво за кариерата 🙂 Името на најновиот албум „Безгрешна“ ја подели јавноста. Дел те подржуваа, дел те критукуваа со зборовите дека си далеку од „безгрешна личност“. Која е поентата на насловот што ја разбранува јавноста?

-На албумот му се гледа крајот, но јас и мојата екипа оценивме дека можеби пролет е подобар период за издавањето на целиот албум, со оглед дека песните сеуште привлекуваат внимание и прилично се нови Сега дојдовме до идеја да издадеме уште еден сингл пред албумот, а како што стојат работите, со оглед дека насловот многу им се допадна на публиката и фановите, можно е да стане и наслов на новиот албум, интересен е и привлекува внимание. Знам дека и на многу луѓе не им се допадна и веднаш ме „нападнаа“, ама …..

3. Како реагираше на негативните коментари? Со оглед на тоа дека веќе еднаш изјави за албумот и името, а сега гледам дека се премисливаш за „Безгрешна“?

„Безгрешна“ е само извадено од контекст, никој од нас не е безгрешен, дури помалку се грешни оние кој изгледаат потполно спротивно на ова. Стихот на песната е „За секој друг јас сум погрешна, само за тебе јас сум безгрешна“, така да тоа е извадено од контекст. Злонамерниците немаат причина да се лутат затоа што тоа е трошење на енергија. Кога би биле само малку попаменти ќе знаеле таа негативна енергија да ја насочат кон позитивната и ќе бевме среќни и ние добрите и оние кои се помалку добри. Така што, луѓето во некое свое незадоволство, потполно погрешно ја „насочуваат“ својата енергија. Јас својата енергија ја „насочив“ кон љубовта и музиката и тоа за мене е најдобриот пат, а секој за себе го бара најдобриот пат.

4. Зошто Владо не е со тебе во Скопје? Лути сте нешто?

– Ние сме растргнати на различни страни, зафатени луѓе па слободното време го поминуваме заедно.

5. Колку има вистина во муабетите дека Владо те побарал за жена и во се она што изминатиов период се пишуваше за вас околу новиот стан, караниците…

– Јас не говорам често за мојот приватен живот, имајќи во предвид дека тоа е таа страна која ја вжештува јавноста, се обидувам тоа да не биде она најважното за кое ќе се зборува кога сум јас во прашање. Работите кои ми се многу важни се моето мајчинство, моите пријатели и мојот љубовен живот. Тие работи секогаш ги чувам од јавноста, со оглед на тоа дека се што е изложено во јавноста е изложено и на негативна енергија. И тогаш сакале или не, колку и да сме силни, тешко е да си признаеме сами на себе дека тоа многу негативно влијае и на нашиот однос во сите овие сфери кој ги набројав, така што се трудам сите тие работи да ги сочувам за себе.

6. Како ќе ги коментираш сите изјави во медиумите на твојот поранешен сопруг Данило?

– Па добро, луѓето секогаш го зборуваат и пишуваат она што мислат дека највеќе ќе ја интересира и заинтригира јавноста. Но, јас не сум таа која ќе открива, туку јас сум таа која тоа ќе го сочувам, а луѓето секогаш ќе зборуваат. Мислам дека медиумите се последно место, каде двајца луѓе треба да се препукуваат, тие работи секогаш некако медиумите ги „конструираат“

7. Дали беше доволно искрена и отворена во ова интервју?

– Овде сум поопуштена, а и послобдна да зборувам, сега во моментов кога малку помудро ќе размислам, сфаќам дека сите ние сме поврзани и се што сега овде ќе кажам е исто како да сум го кажала во Белград. Но, ќе ја искористам оваа размазеност, овде во Скопје па сум малку поотворена денеска, спрема тебе.

РЕКЛАМИ:
Loading...