Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Екстра Ексклузив:1 екипа, 1 цел, 1 емисија

Екстра Ексклузив:1 екипа, 1 цел, 1 емисија

SHARE

Екстра Ексклузивците денеска и официјално го заокружуваат првиот дел од нивната роденденска кампања.

Изминативе две недели новинари, пејачи, актери и останати личности од јавната сфера зборуваа за значењето и асоцијацијата на бројот 1 во нивните животи, а тоа се заокружува токму денеска кога ќе се откриe по кој повод беше спроведена целата таа кампања.

Од денес па се до 14 декември го почнуваaт и вториот, последен дел од целата кампања поврзана со роденденот, а не случајно е избран 7.12, бидејќи ова е ПРВИОТ петок во месец декември.

Изминативе две недели сè се вртеше околу бројот еден во Екстра Ексклузив.

Погледнавме интересни одговори од јавните личности, но тие подготвија и компилација на настани и случки поврзани со бројот еден, како на пример кога биле донесени ПРВИТЕ автомобили во Македонија, кој е ПРВИОТ македонски филм, ПРВИОТ македонски стрип и сл.

Со тоа сакаа да докажат дека понекогаш погрешно е бројот 1  да се поврзува само со врвот, бројот 1 некогаш значи и почеток кој испишува некоја нова страница и остава  добри спомени.

Но, сега е време за нешто друго, изјавуваат од тимот, па од понелник треба да докажеме зошто сме 1(една) екипа, 1 (една) цел, 1 (една) емисија.

Роденденските емисии ќе бидат поделени во три дела.

Првиот дел е насловен „1 екипа“, а ќе се емитува во четврток на 13.12. За овој ден најавен е интересен  видео материјал кој е поврзан со екипата која стои позади проектот.

Вториот дел или „1 цел“ ќе се емитува на денот на роденденот, на 14 декември. Токму тогаш, на кратко, ќе бидат презентирани сите досегашни успеси на емисијата, интевјуа, настани и ексклузивни промоции кои се случувале во „Екстра Ексклузив“ изминатите 12 месеци.

Третиот дел или „1 емисија“ ќе се емитува во понеделник на 17.12. Таа емисија ќе биде посветена на роденската забава. Интересен спој на приказни кои сите гости и соработници ги имаат со Екстра Ексклузив.

Од понеделник тие ќе се посветат и на подготовка на нивната родендеска торта. Тие сами ќе ја подготвуваат и тоа неколку денови.

За сега толку. Некои работи нека останат изненадување за последната и главна роденденска недела, додаваат од тимот.

Среќен 1-ви роденден Екстра Ексклузив! Да растете уште поголеми и поуспешни!

РЕКЛАМИ:
Loading...