Home INFO Ексцентричен милионер: Децата на Џеф Безос си играат со ножеви

Ексцентричен милионер: Децата на Џеф Безос си играат со ножеви

SHARE

Топ тема во светските медиуми е разводот на основачот на “Амазон”, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи.

Но најбогатиот човек на светот и претходно бил мета на новинарите, најмногу поради ексцентричниот живот.

Безос е роден во Мексико во 1964 година. Неговата мајка кога го родила била тинејџерка а таткото рано го напуштил семејството.

Џеф бил талентирано дете и стипендист на универзитетот Принстон каде дипломирал информатика и електротехника.

Со сопругата Мекензи работеле заедно во Њујорк. По шест месечна врска се венчале и имаат четири деца.

Начинот на кој тие ги одлгедуваат своите деца ја заинтригира јавноста.

Во едно интервју Безос истакнал дека на неговите деца им било допуштено од четиригодишна возраст да играат со ножеви а веќе од седмата година и да ракуваат со електрични алати.

Според Џеф, на овој начин на децата им се овозможува да превземат ризик, да се потпрат на себеси и да учат да се снаоѓаат, а ова го смета за основна особина во деловниот но и во секојдневниот живот.

По 25 години брак, Џеф и Мекензи соопштија дека се разведуваат.

Меѓутоа, американските медиуми објавија дека причината за разводот е Лорен Санчез, поранешна ТВ-водителка.

Голем дел од богатството на Џеф Безос проценето на 137 милијарди долари се должи на неговиот влог од 16% во Amazon. Тој го основа гигантот за е-трговија во 1994 година, една година откако се ожени со Мекензи.

Вашингтон, сојузната држава каде е и официјалната адреса на живеење на Безос, има закон дека се што е стекнато за време на бракот, по разводот им припаѓа подеднакво на двајцата сопружници, освен ако не е поинаку нагласено во предбрачен договор.

Не е познато дали Џеф и Мекензи Безос имаат потпишано предбрачен договор.

Ако немаат, таа ќе има право на половина од 137 милијарди долари, во пари, недвижен имот и акции.

РЕКЛАМИ: ---