Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Елегантната Бијонсе и Џеј Зи уживаа на NBA All Star натпреварот

Елегантната Бијонсе и Џеј Зи уживаа на NBA All Star натпреварот

SHARE

Само еден ден по објавувањето на нејзниот документарец на HBO, Бијонсе со сопругот Џеј Зи е фотографирана во нејзиниот роден Хјустон во Тексас.

Познатиот пар уживаше во кошаркарски натпревар кој го следеа од првиот ред. А, гледаа плеј оф со најголемите имиња на NBA, Коби Брајант, Двајт Хавард и Блејк Грифин кои играа за Западот и Двејн Вејд, ЛеБрон Џејмс и Кармело Антони кои го претставуваа Истокот.

Но, и покрај спортскиот спектакл во Хјустон, 31 годишната Бијонсе не носела лежерна и спортска облека, туку блеснала во својот препознатлив елегантен стил.

Не одолеала на жолтите потпетици кои дополнително ги нагласија нејзините прекрасни долги нозе и витка линија.

Џеј Зи сигурно е горд на својата убава, успешна и паметна сопруга.

РЕКЛАМИ:
Loading...