
| Getting your Trinity Audio player ready... |
На матурата на синот Јаман во приватно училиште во Истанбул, Мустафа Сандал дојде со новата сопруга и позираше со неа и со синовите, а Емина сподели повеќе фотки со двајцата синови – поранешните сопружници се обединија и покрај скандалите и судските битки по разводот.
Постариот син на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, Јаман, славеше матура, а на церемонијата присуствуваа двајцата родители.
Поранешните сопружници неколку години водат судска битка по разводот, а пејачката повеќепати зборуваше за тоа дека тој не плаќал редовно алиментација, но и дека не се држел до ветувањата да им обезбеди дом.
Сепак, за синот тие се обединија и му беа поддршка, а на настанот дури присуствуваше и новата сопруга на Мустафа.
Сепак, за разлика од Јелена Карлеуша и Душко, кои заради матурата на нивната ќерка позираа заедно, Емина и Мустафа не се одлучија на тој чекор.
Наместо заедничка семејна фотографија, двајцата споделија посебни фотки на кои секој сам позирал со синовите.
Емина објави повеќе фотки, една на која го бакнува синот, па прегрната со двајцата синови и други моменти од церемонијата и прославата.
„Ти дадов корења на кои ќе се враќаш и крилја за да леташ. Денес, те гледам како се вивнуваш во височините“ – напиша гордата мајка.

Мустафа пак, објави фотографија со двајцата синови и напиша:
„Драг мој сине Јаман, среќен сум што те видов на твојата матура. На овој животен пат помина уште една препрека.
Нека Алах ти подари можност да ја видиш и својата факултетска диплома. Се гордеам со тебе сине!“
Инаку, Јаман матурираше во приватното училиште Tarabya British Schools во Истанбул, а на церемонијата за доделување дипломи присуствуваа многу познати личности од Турција, чии деца се школувале таму.






