Home ЗАБАВА Tv + Reality Еве го настапот на „чудовиштето“ Милиќ Вукашиновиќ (видео)

Еве го настапот на „чудовиштето“ Милиќ Вукашиновиќ (видео)

SHARE

Скриен зад маска, зборуваше и пееше на англиски, но жирито сепак го позна.

Српскиот рокер Милиќ Вукашиновиќ на аудицијата на „X-factor Adria“ се појави скриен, но по неговата интерпретација Жељко знаеше за кого се работи.

Но, и покрај неговиот солиден настап Милиќ од жирито доби три „НЕ“ и само едно „ДА“ од Емина Јаховиќ.

„Не можам да го видам твоето место во денешната музичка индустрија“, беше коментарот на Кристина Ковач.

„Ова е феноменално без врска“, изјави Кики Лесандриќ.

По неговиот настап Милиќ реши да ги прокоментира судиите и нивната одлука.

„Морам да апелирам до жирито дека не смеат да прифаќаат просечно талентирани луѓе. Кики и Кристина се нереализирани личности и тоа одма се гледа. Емина е исполнета жена која успеа да направи голема кариера, а за Жељко мислам дека немам што да кажам. Жал ми е што на Кристина кога ми рече дека не знае во која група да ме смести не и реков да ме смести меѓу нејзините нозе“, изјави рокерот на „Пулс“.

РЕКЛАМИ:
Loading...