Home INFO Еве како се запознале Шакира и Пике

Еве како се запознале Шакира и Пике

реклама:4U PHARMA

Важеа за еден од најидиличните светски популарни парови.

Врската помеѓу Шакира и Пике беше синоним за вистинска љубов и покрај тоа што Шакира е десет години постара од фудбалерот..

Заедно имаат и два сина по име Милан и Саша.

Мега популарната пејачка и легендарниот фудбалер раскинаа кон средината на 2022 година , а сите мислеа дека разделбата ќе помине тивко и без изложување на детали од приватноста во јавност.

Но, се случи обратното. Откако се откри дека причина за разделбата е неверството на фудбалерот, Шакира објави и песна посветена на Пике, во која дури ја споменува и неговата мајка.

Во врска со нивниот брак, односно за зачетоците на нивното дружење, шпанскиот репрезентативец често зборуваше во јавноста:

,,Првиот пат кога ја сретнав Шакира беше во Мадрид за време на снимањето на видео-записот за нејзината песна ,,Вака вака” за СП 2010. Тогаш и побарав број. Таа стигна во ЈАР пред нас (пред шпанската репрезентација) бидејќи требаше да пее на церемонијата на отварањето.

Тогаш и пишав порака за да ја прашам какво е времето затоа што ние требаше да пристигнеме неколку дена подоцна. Вообичаено, кога ќе прашаш толку глупаво прашање, ќе добиеш одговор од типот на ,,Студено е, земи си палто.”, но таа напиша огромен реферат со детали за сите промени на температурата во текот на денот.

Во себе си кажав: ,,Господе, ова не е нормално.”

Деталите покажуваа дека и се допаѓам. Почнавме да се допишуваме додека траеше Светското првенство, но единствената шанса за да ја видам беше да стигнеме до финалето, бидејќи таа требаше да пее и на затворањето.

Тогаш и кажав дека ако треба да стигнам до финалето само за да ја видам – ќе го направам тоа.”

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------