Home INFO Еве зошто Меган Маркл постојано носи штикли

Еве зошто Меган Маркл постојано носи штикли

SHARE

Откако се омажи за принцот Хари и стана дел од кралското семејство, бившата актерка Меган Маркл постојано носи високи потпетици. Причината за ова, како што пишуваат британските медиуми е многу едноставна.
Имено војвотката од Сусекс настојува визуелно да ја намали разликата во висината бидејќи нејзиниот сопруг е поприлично повисок од неа. Меган е висока 167 а Хари 185 сантиметри.

Како што објаснува славниот фотограф Глен Гратон, паровите со голема разлика во висината изгледаат нескладно на фотографија.

” Паровите со голема разлика во висината изгледаат нескладно на фотографиите и често пониската личност изгледа уште пониска. Затоа Меган постојано носи штикли за да ја намали таа разлика. Поради ова таа често носи и “pencil” здолништа со висок струк кои исто така визуелно создаваат издолжена фигура.” – објаснува фотографот.

РЕКЛАМИ: ---