Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Еве зошто Селена го откачи Џастин

Еве зошто Селена го откачи Џастин

SHARE

Месеци наназад бевме сведоци на постојаното раскинување и смирување на Селена Гомез и Џастин Бибер.

Но, по последното конечно раскинување  сега ја знаеме и причината.

Последните шушкања во странските медиуми велат дека Селена го откачила Џастин откако открила дека повторно бил вклучен во љубовнa афера.

Поточно, на 21 декември Бибер се забавувал со 22-годишен модел и студенткa по медецина.

Тинејџерската атракција бил забележан во ексклузивниот хотел Four Seasons во Беверли Хилс заедно со неговиот пријател раперот Lil Twist и моделот Milyn „Mimi“ Jenson.

„Тие отидоа да купат марихуана во продавница на Olympic Boulevard во Холивуд. Потоа купија за јадење од МекДоналдс и се вратија во хотелот“, вели изворот.

Малку подоцна пејачот и Џенсон заминале во неговиот луксузниот апартман во Calabasas.

Бибер таму се претворил во вистински шармер, па  ја фатил за рака Џенсон и и го покажал неговиот двор од балконот, а таа го сметала тоа за многу романтично.

Откако цела вечер пушеле марихуана, Џенсон и Џастин решиле да ја дозагреат целата атмосфера.

„Сакам да знам дали си  вкусна“, биле зборовите на тинејџерот кој почнал да ја бакнува по целото тело.

RadarOnline пишува дека откако ја контактирале Џенсон за да ги потврди сите овие шпекулации, таа им одговорила: „Мислев дека Џастин е сингл, тој така се однесуваше“.

Како ќе се однесува Џастин по откривањето на неговата „луда“ ноќ останува да почекаме, но едно е сигурно… после ова Селена нема да му се врати.

РЕКЛАМИ:
Loading...