Европското првенство се одложува за една година?!

    SHARE

    Поради зачестените инциденти во Украина по притворањето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, ситуацијата пред Европското првенство е напната, а одржувањето на континенталниот собир е доведено под знак прашалник.

    Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко веќе извесен период е зад решетки, а нејзините подржувачи се повеќе прават инциденти.

    Неколку европски земји испратија порака за ослободување на Тимошенко, со образложение дека тоа е политички мотивиран случај.

     

    Во Украина зачестија и инцидентите. Последниот се случи минатата недела каде во експлозија на бомба беа повредени 27 лица.

    Со оглед на тоа дека до почетокот на Европското првенство, кое треба да се одржи токму во Украина и во Полска, ситуацијата е напната, а одржувањето на континенталниот собир е доведено под знак прашалник.

    Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Марија Виљар веќе имал разговор со претседателот на УЕФА, Мишел Платини и понудил нивната земја да го превземе организирањето на ЕП, односно тие да бидат домаќини.

    Сепак, директорот на УЕФА за Европското првенство, Мартин Кален изјави дека е невозможно да се пренесе ова натпреварување во друга земја, но се размислува овој голем настан да биде одложен за една година.

    – Го следиме развојот на настаните во Украина и нема причини да го менуваме домаќинот. Доколку работите станат комплицирани, тогаш ќе го одложиме првенството за една година, изјави Кален.

    За потсетување, поради немирите во Украина, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ќе го бојкотира ЕП, а истото ќе го стори и германската канцеларка Ангела Меркел.

    Извор: Курир

    РЕКЛАМИ:
    Loading...