Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Фановите на Бибер најжестоки: Не го сакаш Бибер? Убиј се! (фото)

Фановите на Бибер најжестоки: Не го сакаш Бибер? Убиј се! (фото)

SHARE

Британската тинејџерка Кортни Бересфорд (15) се најде на мета на напади и гнасни навреди од фановите на канадската ѕвезда Џастин Бибер (19), откако таа го привлече неговото внимание на Твитер.

Изгледа дека подобро ќе поминела ако ја ставела раката во гнездо со оси, отколку во овој случај со фановите на Бибер.

„Ти дури не си ни фан на Бибер. Не го сакаш Бибер! Убиј се“, е само една од пораките кои ја вознемириле Кортни.

Кортни на Твитер поставила рецензија и напишала коментар за последниот албум на Бибер „Believe Acoustic“, а на општо изненадување младиот пејач ја ретвитувал пораката, па ја виделе повеќето од неговите 35 милиони фанови.

Твитот на Кортни: - Не сум баш фан на Џастин Бибер, но неговиот акустичен албум е навистина добар

Ова било причина да проработи љубомората кај девојките, кои почнале да ја навредуваат Кортни и да ја нарекуваат со секакви имиња. Набрзо се прошириле и гласини дека Кортни е бремена и дека очекува дете од Џастин Бибер.

„Само кажете и да се убие!“, и порачала на Кортни една 12-годишна обожавателка на пејачот од САД.

„Јас сум фан на Бибер уште од 2009-та и тој сеуште не ме забележал. Дали некој ме слуша како плачам?“, прашала друга тинејџерка.

Дел од навредливите пораки за Кортни

Кортни вели дека задачата да направи рецензија на албум го добила на часовите по глума.

„Отворив YouTube и го преслушав албумот. Ги објавив само моите забелешки. По само 10 минути почнаа да стигнаат навредите. Стануваше се полошо и полошо. На крајот измислија дека сум бремена и дека моето дете ќе биде проститутка“, рекла Кортни.

Еден од твитовите против Кортни: - Само кажете и да умре... и остави го Џастин на мира!

Нејзината мајка Тина (45) е загрижена за безбедноста на нејзината ќерка.

„Безбедноста на Интернетот мора да се зголеми. Во прашање е обична љубомора која излезе од контрола“, порачала мајката на Кортни.

Надлежните служби за заштита на правата на децата најавиле дека ќе го истражат случајот.

Џастин Бибер има 35 милиони фанови на Твитер, кои претежно се малолетници, а очигледно не сакате да ги налутите
РЕКЛАМИ:
Loading...