Home СПОРТ Кошарка Фантастичната Босна одигра за Македонија

Фантастичната Босна одигра за Македонија

SHARE

На отварањето на третото коло во групата „Б“, репрезентацијата на Босна и Херцеговина дојде до својата прва победа откако одигра фантастичен натпревар и да славеше над нашиот „должник“, Црна Гора.

Иако во текот на целиот натпревар Босанските кошаркари имаа негатива (37:34 пол), преку фантастичниот Мирза Телетовиќ, кој „распука“ со тројки во последната четвртина, но и Гордиќ кој беше одличен во одбраната и нападот, се вратија резултатски, направија во последниот дел серија од 17:0 и на крајот, успеаја да слават со 70:76.

Во таборот на БиХ, Телетовиќ постигна 18 поени, а Гордиќ постигна 16, додека кај Црногорците, 16-те поени на Дубљевиќ, не помогнаа да се избегне поразот.

Сега, нашата репрезентација е на потег и доколку славиме вечерва, шансите за пласман во наредната фаза се поголеми. Натпреварот против Србија го играме во 21.00 часот а пред нас, од 17:45 силите ќе ги одмерат Литванија и Летонија.

Во попладневниот термин покрај мечот БиХ-Црна Гора, се одигра и натпреварот помеѓу Украина и Германија на кој, Украинците успеаја да слават со 83:88 со што се искачија на првото место во групата „А“ со максимален учинок три од три.

ГРУПА „Б“:

1. Србија 2-0 (-1)
2. Летонија 2-0
3. Литванија 1-1
4. БиХ 1-2
5. Црна Гора 1-2
6. Македонија 0-2 (-1)

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---