Home INFO Феноменот Кајли Џенер: Од “грдо пајче” до пластична кукла

Феноменот Кајли Џенер: Од “грдо пајче” до пластична кукла

SHARE

Најмладата припадничка на телевизискиот клан Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер, со само 21 година изгледа како пластична кукла.

Кајли наскоро ќе стане најмладата милијардерка во историјата благодарение на релните шоуа нo и на козметичката империја која ја изгради.

Многумина ја прогласија за најпопуларна помеѓу сестрите а само на Инстаграм има неверојатни 113 милиони следбеници.
Се што Кајли ќе облече на себе, во истиот момент исчезнува од полиците на продавниците.

Овој феномен го препознаа многу брендови кои и плаќаат милиони за реклама на социјалните мрежи.

QUEEN matte lip from the Birthday Minis available now ???? KylieCosmetics.com

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Но на почетокот Кајли не била волку популарна. Имено таа била најповлечената од сестрите а медиумите ја нарекувале “грдото пајче”во семејството.

Се плашела од медиумското внимание и била искомплексирана поради својот изглед, особено поради тенките усни.

Првата естетска корекција токму на усните ја направила на свои 16 години.

По усните, таа го корегирала и својот задник, па градите, и така започнале да се редат естетските корекции. За се ова реалити ѕвездата мудро молчеше и не сакаше да коментира.

paradise

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Откако стана најпопуларната сестра, Кајли во 2017 потполно се повлече од јавноста и од социјалните мрежи а причина за ова била нејзината бременост.

Бременоста ја откри во јавност дури неколку дена пред да ја роди ќеркичката Сторми, чиј татко е раперот Тревис Скот.

perfect night ????????

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

По породувањето Кајли повторно се посвети на работата и тоа со полна пареа, а во меѓувреме ги извади филерите од усните кои и овозможија планетарна слава.

А има само 21 година!!

РЕКЛАМИ: ---