Home КУЛТУРА Кино ФХ3Х дел од ефектите на шестото продолжение на „Брзи и бесни“

ФХ3Х дел од ефектите на шестото продолжение на „Брзи и бесни“

SHARE

Македонското студио за анимација и продукција на визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со Moving Picture Company (МПЦ) од Ванкувер се дел од ефектите на најновото шесто продолжение на филмот „Брзи и бесни“, кое од вчера се прикажува кај нас, еден ден пред премиерата во Америка.

Режисерот на филмот Јустин Лин вели дека со супервизорите за визулните ефекти се шегува што на филмови како Хари Потер тие блеснуваат во полн сјај, но на вакви филмови, доколку се забележи визуелниот ефект, тогаш тие не си ја завршиле добро работата.

За работата на дел од визуелните ефекти за овој филм во траење од 7,6 минути беше ангажирана екипа од 52 артисти од ФХ3Х од почетокот на февруари до средина на март, оваа година.

Во филмот настапуваат Вин Дизел, Пол Волкер и Двејн Џонсон кои ја предводат ал-стар екипата на овој глобален блокбастер. Она што е интересно во ова продолжение на Брзи и бесни е што групата вљубеници во брзите автомобили и трагачи по адреналински авантури, влетуваат во центарот на џет-сетот и убавиот живот на скапа електроника, приватни џетови и ексклузивни локации низ светот. 

РЕКЛАМИ:
Loading...