Home КУЛТУРА Кино Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ селектиран на „Софија Митингс“

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ селектиран на „Софија Митингс“

SHARE

Проектот за долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ влезе во официјалната селекција на проекти кои ќе бидат презентирани на 13-от копродукциски форум „Софија Митингс“ во март во Бугарија.

Филмот ја раскажува приказната за Јон Вардар, млад неталентиран актер кој е киднапиран од самобендисан робот со наполеонов комплекс по име Зарк. Судбината на целата галаксија е во рацете на овие два антихеројски лика. Нивната авантура е исполнета со многу смешни ситуации кои ќе и се допаднат и на помладата публика, но и на сите љубители на научната фантастика.

Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а арт дирекцијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Филмот е во продукција на „Линкс Студио“.

– Искрено се надевам дека ова ќе биде првиот македонски долгометражен анимиран филм. На Македонија и требаат проекти од ваков тип, комедии наменети за помладата публика и со огромен меѓународен потенцијал. Веќе сме во преговори со повеќе дистрибутери кои сакаат да ги откупат правата за филмот, како и споредните права за производство на видео игри и играчки инспирирани од приказната. Голем придонес за ова има уникатниот стил на Тхе Мичо, квалитетот на сработените презентативни материјали, но и големата ангажираност на менаџерите и нашиот тим околу пласирањето на проектот низ целиот свет, изјави авторот на сценариото Гоце Цветановски.

РЕКЛАМИ: ---