Home КУЛТУРА Кино Филмот „Мама“ вечер во Кинотека на Македонија

Филмот „Мама“ вечер во Кинотека на Македонија

SHARE

По повод деновите на франкофонијата, а со поддршка на Канадската амбасада, вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Мама“ на француско-канадскиот режисер Ксавиер Долан.

Филмот доби награда од жирито на последниот Кански филмски фестивал, а беше дел и од официјалната програма на 35.ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Долан е автор и на сценариото, а во улогите настапуваат: Ан Дорвал, Антоан-Оливие Пилон, Сузан Клемент.

Со поддршка од Францускиот институт во Скопје, утре ќе биде прикажан уште еден филм од француско-канадска продукција – „Жаплу“ на Кристијан Дугвај. Филмот е снимен 2013 година, по сценарио на Гијом Кане, а во улогите се Гијом Кане, Марина Хендс, Даниел Отје.

Проекциите на двата филма во Кинотеката на Македонија вечер и утревечер ќе почнат во 20 часот.

РЕКЛАМИ: ---