Home INFO Фондација „Никола Јанчев” донираше апарат, за рано откривање на рак на црниот...

Фондација „Никола Јанчев” донираше апарат, за рано откривање на рак на црниот дроб

реклама:

Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија гo стави во функција новиот ултразвучен апарат кој е дел од Центарот за болести на црн дроб.

Апаратот примарно ќе се користи во раната дијагностика на карцином, како и други ултразвучни иследувања кои ги детектираат раните промени на црниот дроб и се неопходни за потребите на пациентите кои се лекуваат на оваа клиниката.

Според д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија се работи за ултразвучен апарат со можност за еластографија.Новиот апарат е од најнова генерација и овозможува добивање на подобра приказ и попрецизни информации во однос на состојбата на пациентите.

-Во последите пет години, 355 пациенти на нашата клиника се дијагностицирани со карцином на црн дроб.Неопходно е превенирање, рано дијагностицирање и лекување на црн доб за што имаме соработка и со други клиники. На клиниката се лекуваат и вирусните хепатити Б и Ц-посочи вчера д-р Гривчева Старделова по повод оваа донацијата која Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци ја обезбеди преку преку Фондација „Никола Јанчев“.

Доктор Гривчева Старделова јавно се заблагодари и даде благодарница на Фондација „Никола Јанчев“ од Кавадарци која е основана во 2018 година, бидејќи современиот апарат многу и значи и на Клиниката и на пациентите што се лекуваат.

-Горди сме што во една глобална економска и здравствена криза успеавме да дадеме еден современ апарта на Клиниката за гастроентерохепатологија што претставува хуман акт.Вредноста на апаратот е 2,3 милиони денари, а хуманоста на оваа фондација ќе продолжи и понатаму- посочи претставникот на Фондација „Никола Јанчев“, Јанинка Чупарковска.

Фондацијата „Никола Јанчев“ е посветена на основачот на копанијата “Кожувчанка”, Никола Јанчев кој е татко на Митко Јанчев.

Што се однесува на работењето на оваа Универзитетска клиника во услови на ковид, како што кажа д-р Гривчева Старделова амбулантата и тогаш работела без престан и прегледувала пациенти.

-Ние не ја затворивме вратата за нашите пациенти, цело време прергледувавме иако во еден период третиот спрат од клиниката беше ковид центар – посочи д-р Гривчева Старделова и дополни дека имале пост ковид пациенти кои што имале пореметување на работата на црниот дроб.

Таа препорача да се прават еднаш годишно систематски прегледи за да рано се дијагностицира болеста.

-Замастување на црниот дроб бара континуирано следење и редовни контроли.Треба да се испитуваат и вирусните маркери за Б и Ц хепатит- препорача д-р Гривчева Старделова.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------