Home INFO (Фото) Ѓоковиќ стави потпис на македонското знаме

(Фото) Ѓоковиќ стави потпис на македонското знаме

реклама:

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот УС Опен, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.

Трибините, како што вообичаено, беа исполнети, а иако публиката беше претежно наклонета кон локалниот тенисер, присутни беа и голем број навивачи на Новак.

Меѓу нив беше и момче од Македонија, кое по натпреварот успеа да стигне до Новак.

Кога се доближил до Ѓоковиќ, навивачот му дал знаме за да може Србинот да го потпише, а со гестот млад човек покажал колку многу го сака Ѓоковиќ.

Кога Новак му го врачил потпишаното знаме, момчето не можело да го сокрие ентузијазмот, па го бакнал знамето, а потоа среќен си заминал од трибините.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------