Home INFO Фото галерија: Како во филм – Арнолд Шварценегер направил хаос во Лос...

Фото галерија: Како во филм – Арнолд Шварценегер направил хаос во Лос Анџелес

реклама:Велигден со Стаф

Америнканските медиуми ја пренесоа веста за страшна сообраќајна незгода во која учествувал познатиот холивудски актер и политичар Арнолд Шварценегер (74) а во која има и повредени лица.

Полицијата во Лос Анџелес информирала дека една жена е повредена во судир на четири возила што се случил во петокот попладне, а очевидци додаваат дека теренецот на холивудскиот актер завршил врз кровот на најмалку два автомобила.

Актерот пет минути пред несреќата бил надвор со својот син Патрик, а несреќата наводно се случила бидејќи актерот свртел лево, додека семафорот за вртење лево бил црвен.

На фотографиите од местото на настанот се забележува голем автомобил теренец над три други возила на раскрсница во близина на куќата на актерот во луксузниот кварт Брентвуд.

Според досегашните информации, една жена учесник во сообраќајната незгода е со повреди на главата и е пренесена во болница.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------