Home ЗАБАВА Занимливости Фудбалот добар колку и сексот

Фудбалот добар колку и сексот

SHARE

За мажите следењето на фудбалските натпревари е подеднакво возбудливо како и сексот, утрврдиле научниците.

Групата на шпански и холандски истражувачи спровеле тест на група од 50 навивачи кои гледале натпревар меѓу репрезентацијата на Шпанија и Хиландија на Светското првенство во 2010 година.

Тие заклучиле дека нивното ниво на тестостерон било високо за време на траењето на натпреварот, без оглед дали екипата за која навивале победувала или губела.

Високото ниво на тестостерон укажува на задоволството кое може да се мери со ефектите на сексот, изјавил водачот на истражувањето Лендер ван дер Меил, наведувајќи дека кај младите навивачи, посебно кај оние чија екипа губела на теренот, забележано е и високо ниво на кортизон, хормонот за стрес.

РЕКЛАМИ:
Loading...