Home СПОРТ Фудбалскиот свет потресен: Откриена вистината за здравјето на Роналдо

Фудбалскиот свет потресен: Откриена вистината за здравјето на Роналдо

SHARE

Кристијано Роналдо претрпел делумно прекинување на лигаментите на коленото поради што би можел да отсуствува од тренинзите и до 5 месеци, пишуваат странските медиуми.

Доколку овие сомнежи се потврдат Роналдо ќе го пропушти суперкупот на УЕФА во кој се среќаваат Реал Мадрид и Севиља, но и воведениот дел на фудбалската сезона 2016/17.

роналдо

Се додава дека португалскиот напаѓач не посетил болница по завршувањето на натпреварот против Франција во финалето на Европското првенство кога и се здоби со повредата, па потребно е да се направат уште тестови за да се воочи сериозноста на повредата на неговото лево колено.

Роналдо бил приморан да го напушти тревникот во середината на првото полувреме од натпреварот за европски првак. Се обидел да продолжи да игра но поради големата болка го напуштил теренот на носилка.

роналдо

РЕКЛАМИ:
Loading...