Home ЗАБАВА Луд Свет Футуристички брод-хотел како од серијалот „Ѕвездени патеки“

Футуристички брод-хотел како од серијалот „Ѕвездени патеки“

SHARE

Куќи и хотели кои пловат во последните неколку години станаа едни од најпопуларните трендови кои богатите и ектравагантните луѓе едноставно не можат да им одолеат.

Најновиот проект од овој вид го носи името „Три духови“(Three spirits), а се работи за туристички центар кој лебди и е во облик на три брода-хотели.

Проектот, кој всушност е магистерска работа на архитектот Филип Кужевски, настанал на основа на неговите безброј цртежи и сликарски студии, инспирирани од подводниот свет кој имал можност да го види за време на неговите нуркачки авантури.

Гостите имаат привилегија да уживаат во разни атракции. На првиот брод има сала за играње, на вториот казино, а на третиот мултифункционална сала, во која, меѓу останатото може да се поставуваат театарски претстави или да се прикажуваат филмови.

Футуристички брод хотел
Футуристички брод хотел

Сите три брода имаат дизел-електричен погон и преставуваат посебни целини, дизајнирани да бидат потполно независни во временски период од 30 дена, а осмислени за пловење во островските области.

Кога трите брода ќе се состават, се формира заеднички воден простор, во кој гостите можат безбедно да пливаат.

Бродовите имаат и капсула за нуркање која на гостите им овозможува да нуркаат и да ги посматраат коралните гребени.

Освен тоа, хотелот има и чамци преку кои гостите ќе можат да отпловат до местата погодни за одмор.

РЕКЛАМИ:
Loading...