Home ЗАБАВА Занимливости Генијални трикови за криење на мамурлак на работното место

Генијални трикови за криење на мамурлак на работното место

SHARE

Нема полошо чувство од тоа да станете мамурни и да треба да одите на работа.

Но, со овие едноставни и генијални трикови ќе можете да се забавувате без да имате проблем следниот ден на работа.

ПОДГОТВЕТЕ СЕ

Наместо за последиците да мислите наутро, почнете тоа да го правите уште вечерта – пред да почнете да пиете.

Прво, секогаш имајте шише вода покрај вашиот пијалок. По секоја чаша алкохол треба да се напиете вода.

вода

Второ, пред да одите во град најадете се! Подобро ќе го поднесете алкохолот, но и полесно ќе се справите со мамурлокот.

Трето, паметно одберете што ќе пиете. Најдобра комбинација е безбоен алкохол, како што е белото вино или водка.

водка алкохол

ИЗГЛЕДАЈТЕ СВЕЖО

Станете малку порано и истуширајте се со ладна вода. Ова ќе ве разбуди и освежи. На лицето ставете пудра, малку розево руменило, маскара и обавезно кректор на подочниците.

Последниот чекор, облекување. Облечете нешто посебно удобно и трудете се да изгледате добро, така и ќе се чувствувате.

спиење

ЈАДЕТЕ

Знаеме дека ви е тешко, но мора да јадете. Заборавете на сендвич со пени јајца, но и сок од портокал или лимонада, тие ќе ви предизвикаат киселини.

Потребен ви е оброк богат со јаглехидрати.

салата

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА СИТНИЦИТЕ

Мора да внимавате на мирисот. Алкохолот и по туширањето остава свој мирис на вашата кожа, а се лачи низ порите.

Поради тоа вечерта ставете дезодоранст, парфем, а на работа понесете мастики за џвакање и тоалетна вода, за секој случај.

дезодоранс мажи

РЕКЛАМИ:
Loading...