Home ШОУ БИЗз Филм Гламур и филмски ѕвезди – „Црвен килим“ вечерва во Скопје

Гламур и филмски ѕвезди – „Црвен килим“ вечерва во Скопје

SHARE

По повод скопската премиера на филмот „Трето полувреме“ што ќе се случи вечерва во кино Милениум, телевизијата Канал 5 по теркот на светските магазини ќе врши директен пренос од „Црвениот килим“.

Во специјалната емисија која ќе започне во 20:00 часот, Канал 5 ќе ви ги пренесе сите случувања од пред кино Милениум.

Интервјуа со екипата и ѕвездите од филмот гледачите ќе можат да погледнат во периодот од 20.00 до 20.35 часот, а потоа кога вратите на киното ќе се затворат и премиерата ќе почне, од телевизијата најавуваат краток документарен филм за „Трето полувреме“, кој што се тимот на Канал 5 го работеше со екипата од филмот.

Водители на овој настан ќе бидат новинарите од магазинот  „Екстра ексклузив“, Емилија Бунтеска и Ване Маркоски.

Вклучување во живо од пред кино Милениум ќе има и еден час пред почетокот на шоуто, во магазинот Екстра Ексклузив.

РЕКЛАМИ:
Loading...