Home INFO Го пиел овој напиток секојдневно и живеел 152 години!

Го пиел овој напиток секојдневно и живеел 152 години!

SHARE

Човек под името Томас Пар, скромен англиски селанец, го држи рекордот кога станува збор за најстарите луѓе на светот – тој доживеал неверојатни 152 години!

Томас доживеал цел век и половина благодарение на напитокот кој го пиел секојдневно – а тоа е сурутка

Состав и лековитост на сурутката

Сурутката е толку благотворна што може да се пие буквално почнувајќи од раѓањето на сè до смртта.

Сурутката во изворен облик е течност која содржи помалку од еден отсто белковини и повеќе од 93 отсто вода. Главните состојки на сурутката се калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, важни ензими и аминокиселини.

Таа содржи само 2 калории на сто грама, поради што е особено погодна за слабеење.

Најздравиот напиток за болести на црниот дроб

Чистиот црн дроб е клуч за добро здравје, а сурутката е моќен чистач токму на овој орган. Ако болeдувате од било каква болест на црниот дроб, редовно консумирајте сурутка.

Сурутката содржи бета-лактоглобулин, кој го снабдува организмот со аминокиселини (BCAA) кои значајно помагаат кај напредните болести на црниот дроб. На заболените од цироза додатокот со BCAA им помага да живеат подолго и поквалитетно, тврдат стручњаците.

За издржливост и слабеење

Ако интензивно се занимавате со спорт, се обидувате да се ослободите од вишокот на килограми, сте под стрес или боледувате од тешка болест, сурутката би требало да биде дел од вашето секојдневно мени. Сурутката изобилува со електролити, одлично хо хидрира телото, дава повеќе енергија, па е многу подобар извор од штетните енергетски пијалоци.

Сурутката е главна сировина за производство на протеини кои, како што се знае, се неизбежен дел од исхраната на секој спортист и консумирањето на сурутка овозможува брзо опоравување и раст на мускулите после вежбањето, го намалува апетитот и го поттикнува слабеењето. Воедно, придонесува и за здравје на нервите, бидејќи ја намалува гликозата во крвта и крвниот притисок, покажуваат истражувањата.

Народен лек за варење

Млечната киселина која ја поседува сурутката го намалува прекумерниот број на габи и бактерии во цревата, а нејзината ниска pH вредност ја поттикнува нивната работа.

Се препорачува редовно да се консумира при затвор, надуеност, грчеви, дивертикулитис и хронични воспаленија на цревата. Овој стар народен лек може значајно да помогне и при хроничен замор, стрес, дебелеење, прејадување, висок притисок, пад на имунитетот, желудечни тегоби, болести на црниот дроб и кандида, а е одлично сретство и за прочистување на организмот од токсини.

Подготовка и примена на сурутката

Најдобро нешто кај сурутката е што може сами да ја направите од сирово домашно млеко или да ја купите на пазарите или во продавниците за здрава храна или пак да ја набавите од локален производител. Козјата сурутка е најдобра, но добра е и кравјата. Најважно е да се работи за животни кои не се хранети со хормони. Од 10 литра во млеко во просек се добива еден килограм сирење и девет литра сурутка.

Со оглед на фактот дека има диуретички својства, сурутката на почетокот се препорачува да се консумира во умерено количество, но може да ја пиете и три пати дневно по 150мл, а постепено оваа доза може да ја зголемувате и до литар ипол дневно.

Ако имате проблеми со варењето, само промешајте лажица сурутка во чаша вода и испијте го ова пред секој оброк. Сурутката освен за лечење, може да ја користите и за надворешна нега на кожата и косата.