Home INFO Го погледнавте ли? Српрски документарец стана хит на Нетфликс

Го погледнавте ли? Српрски документарец стана хит на Нетфликс

реклама:Велигден со Стаф

„Долгото патување до војна“ е документарен филм на Милош Шкундриќ кој е вклучен во 10-те најгледани филмови на Нетфликс во дури 14 европски земји, и тоа во првата недела по прикажувањето.

Филмот прикажува интервјуа со историчари кои откриваат како избувна Првата светска војна.

Филмот пристигна на Нетфликс на 28 јуни, точно на годишнината од атентатот во Сараево, кога Гаврило Принцип смртно го рани Франц Фердинанд со пиштол и ја уби неговата сопруга Софија.

Документарецот се прикажува во 30 европски земји, каде што Нетфликс има публика од околу 70 милиони претплатници. Ќе биде достапен за гледање во следните пет години.

Изработен е со поддршка на Министерството за култура на Србија и Филмскиот центар на Србија во 2018 година.

Продуцентската куќа „Парадокс филм“ истакнува дека особено добра гледаност имала во нордиските земји. Во Холандија е на деветтото место, во Шведска на шестото, а во Хрватска на осмото место на листата на 10 најгледани филмови.

„Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија“, се вели во соопштението на продуцентската куќа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------