Home INFO Го продавате телефонот? Еве како да избришете се од него

Го продавате телефонот? Еве како да избришете се од него

SHARE

Ако планирате да го продавате својот телефон, таблет или компјутер, треба да се погрижите во каква состојба му го предавате на новиот корисник. Важно е да го исчистите надворешно и внатрешно за да бидете сигурни дека никој нема пристап до вашите податоци.

За да спречите следниот корисник да ги гледа приватни фотографии од вашиот претходен смартфон или пак да има пристап до некои лични документи на компјутерот, важно е да го вратите уредот на првичните, фабрички прилагодувања.

1. Направете бекап на податоците
Пред да се решите да го продавате уредот, направете бекап на податоците. Благодарение на услугите за префрлање на податоците во облак, овој дел е многу лесен за изведување.

Во зависност од тоа дали продавате компјутер, таблет или паметен телефон, потребно е добро да проверите дали навистина сте ги извадиле сите потребни податоци од фотографиите до лозинките.

Кај таблетите и смартфоните имате поголеми шанси за автоматско синхронизирање на уредите со некој од сервисите за чување податоци во облак или пак со десктоп компјутерите.

2. Укинете ја авторизацијата за уредот
Ако купувате дигитални содржини од интернет, големи се шансите тие содржини да се „заклучени“ за користење само на вашиот уред. Тоа значи дека иако сте платиле за некоја содржина, нема да може да ја репродуцирате на друг уред.

Кај Apple уредите, било кое купување на iTunes бара авторизација со вашиот Apple ID, за да не му ги поклоните некому купените содржини, мора да ја отстраните таа авторизација. Apple дозволува да имате до 5 нивни уреди со еден Apple ID, па ако сакате да деавторизирате некои мора да отидете во опцијата Store и потоа да изберете Deauthorize This Computer.

3. Избришете го хард-дискот
Најголем проблем за бришење на податоците има кај традиционалните хард-дискови. Има случаи во кои истражувачи успеале да извадат податоци од хард-диск кој не работи, бидејќи тие не биле темелно исчистени.

Една од опциите е користењето на алатката DBAN која ќе избрише се од оперативниот систем до партициите за бекап на системот.

Кај компјутерите кои користат Windows 8, нема потреба посебно да го форматирате дискот, туку е доволно повторно да го инсталирате оперативниот систем. Кај постарите верзии на Windows добро е прво темелно да ги избришете податоците, па потоа да инсталирате нова верзија на платформата.

Кај SSD дисковите нема потреба од таква темелна постапка, бидејќи тие автоматски ги бришат податоците и е невозможно да се вратат.

4. Вратете ги прилагодувањата на фабричките поставки

Кај таблет компјутерите и паметните телефони нема потреба од форматирање и преинсталирање на софтверот како кај компјутерите, па доволно е само да ги вратите на фабричките прилагодувања. Кај Android уредите, таа опција се наоѓа во Settings > Backup & reset, а кај iOS уредите е во Settings > General > Reset.

5. Како нов
Вашиот уред сега е подготвен за продажба и би требало да биде како нов, без никакви траги од вашето користење. Ви останува уште добро да го светнете од надвор и да најдете купувач.

РЕКЛАМИ: ---