Home INFO Големи проблеми за Франција: Мбапе мора на операција, неговиот настап на ЕП...

Големи проблеми за Франција: Мбапе мора на операција, неговиот настап на ЕП под знак прашалник

реклама:G Natural

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе ќе мора да оди на операција на носот. Новиот напаѓач на Реал Мадрид заработи повреда на крајот од мечот со Австрија кој им припадна на „триколорите“ со 1-0.

Мбапе во обид да упати удар со глава, со носот удри во рамото на Кевин Денс, по што тој остана да лежи. Му беше укажана лекарска помош, а набрзо местото на теренот му го отстапи на Оливие Жиру.

Дидие Дешамп по натпреварот изјави дека ситуацијата не е добра и дека Мбапе најверојатно го скршил носот, по што потврда стигна од Француската фудбалска федерација. Мбапе ќе биде опериран во Дизелдорф, а се уште не е познато дали ќе мора да се повлече од Европското првенство.

Следниот натпревар Франција го игра против Холандија на 21. јуни од 21 часот во Лајпциг.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------