Home СПОРТ Ракомет Голманот на Кил повторно ги „ограби“ обложувалниците

Голманот на Кил повторно ги „ограби“ обложувалниците

SHARE

Голманот на актуелниот германски првак Кил, Јохан Сјостранд повторно покажа дека обложувањето му е силна страна.

Откако пред три недели освои 420 илјади евра на коњски трки, а тоа го дозна по натпреварот против Рајн Некар Левен во Бундеслигата, завчера по мечот со Динкерк во Лигата на шампионите го дочека уште едно прекрасно изненадување.

Овојпат, Сјостранд освои 240 илјади евра и повторно за тоа дозна по мечот. Очигледно е дека шведскиот репрезентативец е мајстор за коњски трки.

По првата добивка најави дека можеби ќе купи куќа, па очекуваме како сега ќе ги инвестира овие пари.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...