Home ЗАБАВА Интернет Google со нови големи промени и редизајн на Gmail

Google со нови големи промени и редизајн на Gmail

SHARE

Google се подготвени со новиот дизајн на Gmail, кој вклучува бројни подобрувања и е развиен да им помогне на „над 4 милиони претставници на бизнисот, кои користат G Suite апликации за да работат побрзо, поефикасно и побезбедно“. Многу дополнителни функции ќе бидат достапни и за сите корисници кои ја користат бесплатната верзија на Gmail. Компанијата исто така потврди дека ажурирањето веќе се дистрибуира и ќе ги стигне до сите профили за краток рок. Една од најкорисните карактеристики е т.н. „Confidential Mode“, објави CNet.

Оваа иновација додава уште едно ниво на безбедност бидејќи ни овозможува да испраќаме пораки кои се активни за одреден временски период и потоа да се избришат од сандачето на примачот. На овој начин, можете да бидете сигурни дека личните податоци во електронските пораки нема да станат достапни за лице, што не сакате да ги види. Исто така, имате опција да го блокирате уредувањето и пренасочувањето на пораката. Сега постои и начин како да испратите уникатен код, како СМС на паметен телефон, без кој не можете да ја отворите вашата е-пошта.

Постојат, исто така, голем број подобрувања на алгоритмите кои Google ги користи за откривање на спам и малициозни пораки. Предупредувањата сега ќе се појават со многу поголема лента во црвено, што укажува на потенцијални проблеми со е-поштата. Вештачката интелигенција, која автоматски ги открива различните закани, сега е достапна за веб-верзијата на Gmail, што исто така може да се каже и за интелигентниот систем на Smart Reply во нашите сметки. Google, исто така, ги прошири и офлајн способностите на Gmail.