Home СПОРТ Ракомет Горење загуби, Металург како втор го завршува настапот во групната фаза

Горење загуби, Металург како втор го завршува настапот во групната фаза

SHARE

Македонскиот ракометен првак Металург го освои второто место во групата Ц од Лигата на шампионите без разлика на постигнатиот резултат на утрешниот дуел против Силкеборг.

Ова е епилогот по одигрувањето на денешната средба од 10. коло во Велење меѓу домашниот Горење и првопласираниот на табелата Киелце.

Гостите од Полска го победија конкурентот на Металург Горење со 29:25 и му направија услуга на тимот предводен од Лино Червар.

Нашиот шампион утре од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе му биде домаќин на данскиот претставник Силкеборг.

Во осминафиналето можни противници на Металург се екипите од А групата: Чеховски Медведи, Динамо Минск и Атлетико Мадрид.

Кој од овие три тима ќе заврши на третото место во следната фаза против Металург прво ќе игра на домашен терен, а во реваншот ќе гостува во Скопје.

РЕКЛАМИ: ---