Home ЗАБАВА Занимливости Гумите за џвакање поттикнуваат главоболка

Гумите за џвакање поттикнуваат главоболка

SHARE

Израелска студија ја истражувала поврзаноста меѓу редовното конзумирање гуми за џвакање и појавата на главоболка, при што дошла до заклучок дека тие навистина можат да бидат причина за зачестени главоболки.

Студијата која траела еден месец, е спроведена врз 30 испитаници, на возраст од шест до 19 години, кои страдале од хронични главоболки, а секојдневно џвакале гуми за џвакање.

Студијата покажала дека во текот на еден месец неконзумирање гуми за џвакање, 87 отсто од испитаниците немале главоболки или симптомите речиси им исчезнале.

За да бидат сигурни дека причинителот е џвакањето гуми за џвакање, 26 испитаници по завршување на студијата се согласиле 14 дена повторно редовно да конзумираат гуми за џвакање.

Симптомите на главоболка повторно се вратиле во рок од неколку дена од нивното користење.

Научниците тврдат дека џвакањето гуми за џвакање, особено ако тоа е зачестена навика кај млади лица, го зголемува стресот на виличната коска поради што поединци заболуваат од мигрена.

Авторите на студијата сметаат дека намалувањето на зачестеноста на конзумирање гуми за џвакање, може да да влијае врз појава на симптоми на главоболка поради што се препорачува нивно поумерено користење.

МИА

РЕКЛАМИ:
Loading...