Home ШОУ БИЗз Балкан Хари Мата Хари доживеал нервен слом на финалето на „Ѕвездичките на Пинк“

Хари Мата Хари доживеал нервен слом на финалето на „Ѕвездичките на Пинк“

Хари Варесановиќ, попознат како Хари Мата Хари доживеал нервен слом во финалето на „Ѕвездичките на Пинк“.

Членот на жирото на познатото музичко шоу околу два часот по полноќ, ги прашал организаторите кога планираат да го прогласат победникот.

ѕвездичките на пинк

Откако му кажале дека крајот ќе биде околу четири часот по полноќ, пејачот полудел.

„Не сте нормални, ги држите децата до четири наутро, па тоа не е нормално. Ми се спие, не можам да гледам, а како им е ним? Направете нешто инаку ќе си одам, децата ќе заспијат на сцена.“ викал Хари.

Иако го смирувале и му кажале дека емисијата ќе заврши, сепак победникот беше прогласен околу четири часот.

хари мата хари

РЕКЛАМИ:
Loading...