Home ШОУ БИЗз Балкан Хари Варешановиќ ја изневерува сопругата?

Хари Варешановиќ ја изневерува сопругата?

SHARE

Сарајевскиот пејач Хајрудин „Хари“ Варешановиќ наводно поминува низ тежок период во бракот со Јасминка Истук-Варешановиќ, бидејќи неговата сопруга открила дека тој ја изневерува со извесна Марина, докторка од Словенија.

Марина и и пејачот на Хари Мата Хари се запознале пред една година, кога наводно започнала и нивната љубовна афера.

Пријателите на Хари велат дека Марина е посебна жена и дека таа се би дала да може Варешановиќ да биде само нејзин. Додека Хари се забавувал со Марина, сопругата Јасминка живее на релација Минхен-Сарајево и не е познато дали би му простила за овој „љубовен излет“.

Сарајевскиот пејач, кој за време на Југославија бил познат како голем заводник, зад него веќе има еден пропаднат брак.

Со првата сопруга Аида има две деца, ќерката Наџа и синот Дамир. Парот се развел откако се дознало дека Хари го има вонбрачниот син Мак, но останале во коректни односи.

Хари потоа, по долгогодишната врска се ожени со славонката Јасминка Истук во 2010-та година во Хрватска, во присуство на најблиските пријатели.

„За среќа, Јасминка не е љубоморна, а јас и давам се помалку причини за оправдана љубомора. Како што поминуваат годините, човек веќе нема сила за будалештини. Кога бев помлад, беа поврзани за мене тие приказни за жените, но објективно во последните 10 години не сум давал поводи за скандали“, изјави пред неколку години Варешановиќ.

Пејачот покрај наводните брачни проблеми, неодамна имаше причина и за славење, бидејќи стана дедо.

РЕКЛАМИ: ---