Медиумите во регионот со денови известуваат за новиот љубовен пар на хрватската естрада – Петар Грашо и Хана Хуљиќ.
Јавноста беше изненадена кога Петар и Данијела Мартиновиќ ја раскинаа 24 годишната врска.
Но она што предизвика вистинска лавина од коментари е новата девојка на Грашо, 14 години помладата пејачка Хана.
Таа е ќерка на познатиот муичар Тончи Хуљиќ, кој со Петар е долгогодишен семеен пријател но и близок соработник.
-Го разбирам интересот за Хана и Петар, но никогаш јавно не реферирам за приватниот живот и односите, како на своето семејство, така и за изведувачите со кои работам. Петар и Хана имаат слични ставови кон презентирањето на личниот живот во медиумите, а Петар е и голем семеен пријател. Ако тие се среќни, а колку што гледам се, тогаш јас и Вјекослава сме исто така среќни, вели Тончи.
Додал дека се надева дека Петар наскоро ќе земе пауза од силното темпо на настапи за да ги завршат песните кои ги чекаат.
Петар и Хана сеуште официјално ја немаат потврдено врската.