Home СПОРТ Кошарка И по Пипан – Словенец во МЗТ Скопје

И по Пипан – Словенец во МЗТ Скопје

SHARE

Македонскиот првак МЗТ Скопје повторно се врти кон словенечките стручњаци и на местото на Алеш Пипан најверојатно ќе ангажира негов сонародник.

Ова го тврдат словенечките медиуми кои се сигурни дека во конкуренција за наследник на Пипан се дури тројца стручњаци: Томо Махорич, Зоран Мартич и Слободан Суботич. Првите двајца се без клуб, додека Суботич последната сезона ја помина во либанскиот прволигаш Ал Ријади. Сепак, токму тој е најсериозен кандидат за тренерската функција во МЗТ Скопје, пред се, поради неговото огромно искуство во странство.

Поранешниот кошаркар на Олимпија и Арис во својата тренерска кариера водел десетина клуба, најмногу во Грција, меѓу кои и најславните екипи од оваа земја Олимпијакос и Панатинаикос. Клубовите кои ги водел се: Ираклис, АЕК, Арис, Панатинаикос, Паниониос, ПАОК, Олимпијакос, Сплит, Цедевита, Арис, Олимпија и Ал Ријади. Роден е во Херцег Нови, сегашна Црна Гора пред 57 години, но има и грчки пасош, а Словенците го водат како нивен тренер.

Инаку, по заминувањето на Пипан, речиси сите медиуми на Балканот тврдеа дека нов тренер на МЗТ Скопје ќе биде Србинот Владо Јовановиќ, поранешен предводник на Партизан и Доњецк. Засега од нашиот клуб нема никаква официјална реакција на оваа тема.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...