Home ЗАБАВА Tv + Reality Ибрахим паша уапсен за подведување манекенки!

Ибрахим паша уапсен за подведување манекенки!

SHARE

Познатиот турски актер Окан Јалабик, познат како Ибрахим паша во серијата „Сулејман величествениот“, турската полиција го товари за проституција, пишува денеска дневниот весник „Ден“.

Тој е приведен под сомнение дека подведувал манекенки.

Апсењето на познатиот актер се случило минатата недела во Измир поради сомневање дека е вмешан во синџир на проституција.

Тој се товари дека подведувал манекенки од една позната турска агенција, за што добивал голема сума на пари, пишуваат турските медиуми, а пренесува „Ден“.

„Ибрахим паша“ е уапсен во елитен ресторан во момент кога се договарал со потенцијален клиент за изнајмување девојка.

[pullquote_left]Тој се товари дека подведувал манекенки од една позната турска агенција, за што добивал голема сума на пари[/pullquote_left]

– Додека седеше со тројца мажи и две девојки, на Јалабик му пријдоа тројца инспектори во цивилка. Дискретно му ги покажаа значките. Тој збунето ги погледна и тргна со нив кон излезот. Не даваше никаков отпор, така што останатите гости во ресторанот не ни знаеја дека го приведуваат познатиот актер. Заедно со него се уапсени и лицата кои седеа на маса со него, раскажал за турските медиуми еден од вработените во ресторанот.

 

Набргу по апсењето, Јалабик е пуштен од притвор, но му е одземен пасошот и му е забрането да ја напушта Турција додека трае изтрагата.

Голем број на новинари секојдневно се пред неговита куќи во Измир и Аланија, но актерот досега не излегол со изјава во јавноста.

 

РЕКЛАМИ:
Loading...