Home ШОУ БИЗз Балкан Игор и Северина го закажаа датумот за венчавката

Игор и Северина го закажаа датумот за венчавката

SHARE

Популарниот пар, Северина Вучковиќ и Игор Којиќ ќе ја крунисат нивната љубов со брак за помалку од два месеци.

Свадбата е закажана за 21 ноември во еден хотел во Белград, објави порталот 24sata.hr.

„Имавме само 48 часа да донесеме одлука дали ќе дојдеме на венчавата на годината или не“, тврдат неименувани поканети гости.

Составувањето на списокот на гости започнал уште минатата среда.

Истиот ден Игор заминал за Белград за да започне со подготовките, додека Северина имаше настап овде кај нас.

„Долго размислуваа за локацијата каде ќе се венчаат. Белиот Двор на Дедиње долго е фаворит на двете семејства. Никој не знае зошто Северина се откажа од резиденцијата на кралското семејство Караѓорѓевиќ, само знаеме дека тоа беше нејзина одлука“, изјавиле неименувани пријатели на идните младенци.

Пејачката ја започнала потрагата по венчаница пред неколку месеци, се двоумела меѓу Вера Ванг и Оскар де ла Рента, но на крај се одлучила за креација на нејзината пријателка, Матија Вуица.

Нивната венчавка ќе биде настан на годината и доказ за многумина кои се сомневаа дека љубовта меѓу хрватската ѕвезда и поранешниот фудбалер е само маретиншки трик.

РЕКЛАМИ:
Loading...