Home ШОУ БИЗз Балкан Илма се обрати на Фејсбук: Еве зошто не се појавила на концертот...

Илма се обрати на Фејсбук: Еве зошто не се појавила на концертот на Кики

SHARE

Откако излезе од понатамошното натпреварување во X-Factor и не се пласираше во суперфиналето, Илма Карахмет постојано е во центарот на вниманието на медиумите.

Прво го привлече со коментарот кој и го остави на Емина Јаховиќ на нејзиниот профил во врска со причината зошто таа гласала за неа да го напушти натпреварувањето.

Потоа се случи и големиот скандал со нејзините родители, за на крај оваа недела да излезе информацијата дека таа не се појавила на концерото на Кики Лесендриќ во Тузла иако била најавена како специјална гостинка.

Токму по оваа информација, Илма на Фејсбук одлучи да напише зошто не била дел од концертот на нејзиниот ментор.

Таа тврди дека не го „откачила“ Кики Лесендриќ, туку едноставно не можела да дојде на концертот.

– Не е вистина дека го „одбив“ Кики, едноставно не бев во можност да присуствувам на истиот. Чудни медиуми, чудни таблоиди, напишала таа на нејзиниот профил.

РЕКЛАМИ:
Loading...