Home LIFE STYLE Имате летна депресија? Еве како да ја победите

Имате летна депресија? Еве како да ја победите

реклама:Велигден со Стаф

Додека сите прават планови за незаборавно лето, депресивните луѓе се чувствуваат исцрпено, а секое прашање поврзано за нивните летни планови го доживуваат непријатно.

Феноменот на летната депресија не е психолошко нарушување, туку моментална состојба на умот кој е натоварен со голема количина стрес што дополнително се зголемил од напорната работа што се насобрала пред годишните одмори.

Психолозите тврдат дека овој феномен се јавува со зголемено ниво на стрес, незадоволство од својот изглед и зголемено чувство дека нешто пропуштате, додека целиот свет околу вас одлично се забавува.

Со доаѓањето на летото актуелно е и планирањето на годишните одмори, што води кон директно соочување со финансиите, водење сметки и донесување одлука за тоа дали летувањето оваа година ќе биде добра идеја.

Наместо да се грижите за тоа како изгледаат другите и колку нивното лето е повозбудливо од вашето, погрижете се најпрво да се чувствувате добро во своја кожа.

Бидете активни

Во текот на денот наместо да пребарувате на Инстаграм и да ги гледате „идеалните“ животи на останатите, организирајте пикник со семејството и поминете одличен ден во природа.

Грижете се за телото и за умот

Не заборавајте на грижата за вас и за вашето тело. Имајте позитивен став за вашата ментална и физичка состојба.

Бидете активни и занимавајте се со хоби

Правете активности кои ве исполнуваат и надвор од домот, но и внатре. Одете на прошетка или во кино, купете некоја интересна книга…

Летото е одлично време да започнете некое хоби кое претходно сте го посакувале, но никако не сте можеле да најдете време. Искористете го времето на квалитетен начин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------