Home ИНТЕРВЈУ Интервју со Фрајле, еден од најдобрите акустични бендови на Балканот

Интервју со Фрајле, еден од најдобрите акустични бендови на Балканот

SHARE

Важат за еден од најдобрите акустични бендови на Балканот со милиони прегледи на „YouTube“.

Четирите ѓоспоѓици од „Фрајле“ беа на гости во Скопје, а причината беше „Златна бубамара на популарноста“ каде добија награда за најдобар бенд на Балканот, а публиката имаше можност 15-тина минути да ужива со нивната музика.

Во интервјуто кое го дадоа за Екстра Ексклузив откриваат за нивниот необичен стил и музиката која ги издвои од останатите.

1.За прв пат ли сте во Скопје?

– Благодарам за гостопримливоста. За прв пат сме во Скопје и навистина градот е прекрасен. Редно беше да дојдеме.

2. Името на вашата група потекнува од германскиот збор „Fraulin“ што значи госпоѓици!

– Исто и кај нас во Војводина, ние имавме дилема како ќе се викаме кога се собравме, и одлучивме, зошто тоа е име кое е можеби од нашиве поднебја, и ете решивме да бидеме госпоѓици, и тоа е име кое не карактеризира нас четири.

3. Госпоѓици и во приватниот живот? Вљубени ли сте?

– Спрема музиката секогаш. Љубовта да е вечна и возвратена.
Инаку ние во 2010 година на Егзит фестивалот и се венчавме за музиката, бевме во венчаници. Прстенот ни е во душа.

4.Препознатливи сте по необичниот начин на облекување…

– Од самиот старт знаевме дека сите четири сме различни, секоја само се окарактеризира себе и тоа го пренесовме на сцена. Е тука се подразбира дека облеката која ја носиме на сцена не е иста со онаа секојдневната.

5.Вашиот музички правец го нарекуваат „Војвоџанско танго“…

– Војвоџанско танго е посебно танго, за кое ние сакаме да кажеме дека е подмачкано со маст од сланина. Тоа е спој од нас четири, тоа што Невена кажа дека сме премногу различни и секоја од нас донесе свој дух во музиката која ја разви целата наша приказна. И ете така се роди војвоџанското танго.

Интервјуто го направи Ване Маркоски, Екстра Ексклузив