Home ИНТЕРВЈУ Интервју со Покојна Милева: Како почна приказната, за Јелена Карлеуша, Цеца …

Интервју со Покојна Милева: Како почна приказната, за Јелена Карлеуша, Цеца …

SHARE

Долго време не се знаеше која е Милева која нема влакна на јазикот за естрадните ѕвезди.

Се почна како шега – партизанката го сврте вниманието на себе, нејзините коментари ги пренесуваа сите!

И го собра гневот на многумина.

– Мислам дека покојна Милева не е доволно покојна – изјави во една прилика Јелена Карлеуша.

Никој не е поштеден!

– Да бев умен немаше да почнам – вели белграѓанецот кој стои зад Покојна Милева.

Кој стои зад Покојна Милева ?

1. Борис пред колку време го откри идентитетот?

Па во печатените и социјалните медиуми мислам дека скоро 6 месеци само претпоставуваа, а пред неколку месеци јас и официјално се открив на телевизија.

2. Како всушност започна приказната за „Покојна Милева“

Како се почна. Се почна како шега, па шегата малку „замина подалеку“ … Се почна како интерна шега со пријателите. Направив прво профил на Фејсбук, а после една и пол година отворив профил и на Твитер. После неколку „твитови“ медиумите и порталите почнаа да пренесуваат, а со тоа да ме следат се повеќе луѓе. Мене тоа ми беше „ужасно“ забавно и продолжив. На почетокот мислев дека приказната нема да помине, со оглед на тоа дека е мртва партизанка, но потоа сакав да видам дали мртва партизанка може да се дружи со Витни Хјустон и Еми Вајнхаус и кога видов дека тоа луѓето го прифатија си реков дека јас можам да го креирам цел свет, односно што и да кажам може да помине и тоа навистина беше така. Прво се беше на шега, а потоа почнав да коментирам на сатиричен начин и мислам дека тоа луѓето ги изненади, бидејќи во принцип беа добри коментари на актуелно теми.

3. Со оглед на притисокот од јавноста, се каеш ли што ја започна оваа „игра“?

Не се каам, далеку од тоа. Ова беше ново искуство и навистина ми е интересно. Да бев паметен немаше воопшто да го почнам ова. Едноставно не можам повеќе да му оддолеам на ова. Еднаш кога ќе почнеш, веќе не можеш на пола да се вратиш. Само „кретен“ може да се налути, а ако се налути „кретен“ тогаш јас немам проблем со тоа.

4. Сигурно очекуваше дека од сите познати личности, прво ќе се „фатам“ за Карлеуша! Дали токму таа е виновникот за откривање на твојот идентитет?

Па не е! До душа се почна преку Карлеуша, затоа што тој прв твит што го објавија медиумите беше коментар на нејзин коментар. Зошто Карлеуша? Па таа е најактивна на друштвените мрежи. Таа е една од ретките кои реагира на коментар, на нејзина жалост, и така може да се развие конверзација, а и „тресе глупости“. Едноставно самата се мести. Но, никој не бил поштеден до сега. Не ја познавам жената и не е ништо лично, како што мислат луѓето. Но, некако тие твитови секогаш беа најинтересни. Јас тоа го гледам по реакциите. Кога ќе ја видам статистиката, луѓето навистина највеќе реагираат на некои имиња и реагираат на политика.

5.Еднаш имаш изјавено дека таа знаеле уште на почетокот за твојот идентитет?

Знам дека таа знаеше за мојот идентитет и пред да се открие. Тој профил постоеше една година пред сите да дознаат за него. Сите мои пријатели знаеја за тоа дека јас се шегувам со тоа. Беше прашање на време кога некој ќе ме нападне.Карлеуша беше во право. Ние навистина имаме помнење како „аквариумски риби“, односно тоа трае три дена и потоа веќе не е интересно.

6. Колку има вистина во шпекулациите дека си вљубен во менаџерот на Карлеуша, па сето тоа што го пишуваш за неа е само одмазда?

Се сеќавам на таа маркетинг кампања. Знам кој е манаџерот Зоран Бирташевиќ. Го имам видено на телевизија. Не сум јас према неа остар, ниту према другите. Јас кога ќе напишам за Сека Алексиќ, нешто како „Мачко песната ти се вика Последни лет, сега си настапувала во Амбис, па го спремам житото, бидејќи доаѓаш кај мене“, жената на друг начин реагира на тоа, иако ни неа не ја познавам лично. Таа некако продолжува да се шегува. Единствено Карлеуша од сите нив, бурно реагира, а не разбирам зошто.

7. Какви се твоите односи со Цеца?

За неа сум напишал неколку пати. Со Цеца е проблем што таа не е актуелна на социјалните мрежи. Жената слабо се појавува во јавност, слабо дава интервјуа и не е конфликтна во смисла да критикува некој друг и нема за што да пишеш, иако јас го правев тоа кога ги намалуваше градите и кога шпекулираа дека таа ме плаќа. Јас тоа само ќе пишев „Мачко да знаеш дека парите сеуште не се стигнати на сметка“.
За кои се каам? Ако сега кажам, тогаш ќе го откријам единствениот твит кој Милева некогаш го има избришано. Беше во врска со Марија Шерифовиќ. Беше крајно невкусно, но ми излета. Не, не. Во тој момент сфатив дека претерав. Некој може и го виде тоа.

8. Со неколкуте твитови за вашиот премиер Дачиќ, „Покојна Милева“ почна да се меша и во политиката?

За Дачиќ ли сум го напишал тоа. Јас толку „тресам“ што не можам да се сетам. За Дачиќ сум рекол дека ќе оди на Евровизија? А, не сум рекол за Јоксимовиќ? Сакам Јоксимовиќ секаде да го пратам. Можно е и тоа. Јас сега не знам Дачиќ што функција има. Премиер, заменик премиер, министер за внатрешни работи и пејач. Ако може да стигне на Евровизија нека оди и таму.

9. Ја следиш ли македонската естрада?

Се трудам да следам колку што можам, иако и е во принцип како и Црногорците пола естрадата ја праќате кај нас. Јас морам да кажам, ова не смееш да го исечеш. Сите вас многу ве поздрави Тијана Дапчевиќ. Вчера се слушнавме и ми рече: Поздравими ја мојата Македонија, а јас на тоа и реков дека ќе одам во секој ќош и ќе мавтам. Се трудам, но не можам да стасам. Јас сум некој кој не гледа телевизија. Читам наслови во весници колку да сум во тек. Јас морам се да пратам за да бидам во тек, но не можам да постигнам толку. Јас најмногу сакам кога има Евровизија, некое реално шоу и така повеќе сум упатен. И ако нешто помине во медиумите ќе се заинтересирам да го проверам. Сега во блиско време ја пофалив Тијана Дапчевиќ. Пробав, но тогаш ја нападнаа и Милева и Тијана и јас тогаш и реков на Тијана дека е добро ова никогаш да не го правиме. Песната беше навистина одлична и мислев дека заслужува таков коментар. Сакав еднаш Милева да пофали некој и нешто што е добро , но ние сме таков народ, мислам сите на Балканот. Ние сакаме да не сакаме. Тоа е клучот на успехот на Карлеуша. Луѓето сакаат да не ја сакаат и во за тоа се работи. Затоа кога некого ќе пофалиш тоа не поминува баш најдобро.

10. Навистина ли заврши на суд поради фотографијата на „покојната партизанка“?

Знам од која кујна излезе таа приказна кога пробаа да ја наместат. Тоа е вистина. Јас кога за таа интерна шега го направив тој профил , јас навистина отидов на „google“ и напишав „Покојна Милева“ и ми излегоа многу фотографии. Не знаев навистина која е таа жена, но бидејќи беше за интерна шега и сето тоа не беше тогаш важно. Јас да знаев дека ќе се случи ова, одма ќе ја ставев фотографијата на мојата баба и ќе ја завршев приказната со тоа. Во моментот кога тоа доби медиумско внимание јас сфатив дека има некоја одговорност и во тој момент во фотошоп направив комбинација. Очите се од мојата баба, усните од тетка ми, фризурата од кралицата Елизабета.

11. И за крај! Кој е Борис Триван приватно? Новинар можеби?

Не! Подалеку од тоа. Никогаш не сум се занимавал со новинарство. Јас студирав археологија. 10 години работам во Египет како египтолог и се занимавам и со графички дизајн. Имам невладина организација „Центар за образование на возрасни“. Се е тоа далеку од естрадата и од новинарството.

Интервјуто го подготви: Ване Маркоски, Extra Exclusive