Home ИНТЕРВЈУ Интервју со Ребека: Денес не ми е толку важен изгледот како порано!

Интервју со Ребека: Денес не ми е толку важен изгледот како порано!

SHARE

Поп пејачката Ребека кон крајот на летото го очекува своето второ дете и е во седмиот месец од бременоста.

После шест години таа повторно се одлучи да стане мајка и да го прошири своето семејство.

Во интервју за Fashionel, околу бременоста ни кажа дека се чувствува малку поразлично отколку првиот пат кога била во блажена состојба и тоа само поради летниот период.

Таа вели дека годините кај една жена си бараат дополнителна нега, додека бременоста е фаза на која треба да се посвети уште поголемо внимание што се однесува на изгледот.

– Не сум многу ригорозна во однос на третман врз моето тело и лице во однос на годините. Меѓутоа тие  си бараат поголема грижа, вежбање, но во последно време не го правам тоа многу, порано повеќе вежбав, по три пати неделно, по два часа во теретана, возев ролерки и  не покажав многу килограми за време на првата бременост, што е многу важно за една девојка или жена, зашто тие килограми тешко се враќаат, изјави Ребека.

Прочитајте го целосното интервју на fashionel.mk