Home ИНТЕРВЈУ Интервју со Сергеј Четковиќ: Македонија има прекрасна публика и одлична храна

Интервју со Сергеј Четковиќ: Македонија има прекрасна публика и одлична храна

SHARE

Популарен, единствен, а толку обичен …

Вака во три збора ќе го опишеме човекот кој со неговите балади ја освои балканската публиката…

овекот кој секаде признава дека ја обожава македонската храна, вчера имаше концерт пред Скопјани…

А, пред неговиот настап ние на дружба со него во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза…

1. Сергеј во секое интервју, не само во Македонија, не фалиш дека сме добри домаќини? Зошто толку ти се допаѓа Македонија?

– Она на што најмногу ви завидувам е тоа што имате најубавата храна во регионот. Се она по што Црна Гора е препознатлива во однос на храната, кога ќе дојдам тука паѓа во вода. Секоја чест за храната.

2. Сите знаеме дека баладите ти се слаба страна, иако пееш и условно кажано брзи песни…

Мислам дека баладите се најискрени, најмногу траат и тука има најмногу емоции. Но и брза песна може да помине, ако е добра. Ни тука не постајат правила. Сметам дека постојат балади кои се добри, но не долго издржаа, а од друга страна има брзи песни кои до ден денес се слушаат.

3. Годинава по втор пат стана татко, односно пред неколку месеци посвои девојче…

Мене ми е мило ако некој од мојата приказна извлече некоја корисна поука и ќе сфати дека после толку години јас сум многу исполнет, задоволен и среќен човек, бидејќи имам две прекрасни деца и се надевам дека и тие ќе бидат среќни со мене како родител. Се трудам да бидам што подобар татко. Сите оние кои многу „размислуваат“, бидејќи средината е слична и во Црна Гора и во Македонија и се заминаваат со предрасуди и глупости им советувам малку да се опуштат и едноставно да ја направат вистинската работа, ако веќе дошло до тоа да размислуваат за посвојување. Деца се деца и човек може само да биде со нив среќен и исполнет и повеќе да се труди да биде што подобар родител…

4. Задоволен ли си како ти измина 2012 година?

Ајде ќе кажам дека сум потполно исполнет, бидејќи позади себе имам многу концерти и дружења, две нови песни кои го најавија новиот албум за 2013 година. На приватен план она што ми ни е најважно во животот на сите е да се оствариме како родители и да бидеме исполнети.

5. Твоите желби до почитувачите на твојата музика?

Здравје на прво место. Добро здравје, добар дух и расположение, што повеќе среќа и позитивни емоции. Сето тоа да ви се случува со што повеќе пријатели и во добро друштво, музика и вино.

Интервјуто го направи Ване Маркоски, Екстра Ексклузив

РЕКЛАМИ:
Loading...