Home ИНТЕРВЈУ Интервју со Жељко Јоксимовиќ: Во Охрид ветувам концерт за паметење!

Интервју со Жељко Јоксимовиќ: Во Охрид ветувам концерт за паметење!

SHARE

Миленикот на сите генерации, Жељко Јоксимовиќ на 2-ри и 3-ти Август, доаѓа во Дојран односно Охрид на голем спектакуларен концерт.

А, пред да ги отпее најголемите хитови, Јоксимовиќ одговори на неколку прашања ексклузивно за Хит Портал.

Од кога датураат твоите музички почетоци?

Ми се чини дека во музиката сум вљубен цел живот. Од кога знам за себе, музиката е дел од мене. Првите сеќавања ми се поврзани за некоја нота, за инструмент. Како професијата да ме пронајде пред јас да ја пронајдам неа.

Во 1984-та година во Париз освои награда – прва хармоника на Европа, дали хармониката е твоја прва љубов?

Нормално, харминиката е мојата прва љубов, за која и денес нема заборав. Овој инструмент и денес го сметам за свој прв, пред клавирот. Хармониката ја ценам и почитувам еднакво како и кога почнав да се занимавам со музика.

На колку инструменти знаеш да свириш освен хармоника?

Многу се, престанав да ги бројам. По хармониката почнав да свирам клавир, па потоа многу други инструменти. Гитара, па дури и виолина. Секако на повеќе од 15, но навистина сметам дека не е толку битно која е бројката, туку квалитетот.

Што повеќе сакаш да правиш, да пееш или да пишуваш и компонираш музика?

Се зависи од моментот. Последната година ме привлекуваат нови, софистицирани брзи звуци, баш како во песната „Ludak kao ja“.

Но, направив и акустична ве3рзија на оваа песна која е малку поразлична од оригиналот. За неа многу луѓе сметаат дека е еднакво добра.

Која од напишание песни за Евровизија е твој фаворит ?

Сите песни кои ги создадов за Евровизија, а посебно последната „Nije ljubav stvar“ за мене се посебни и не можам да ги одвојам.

„Lane moje“ сепак имаше најголем успех и ми се чини дека и денес е еднакво популарна, иако не го освои првото место.

Награди за оваа песна добивам од евровизиските фанови секоја година, а минатата беше прогласена за најдобра песна на овој фестивал.

А, ако зборуваме за „Nije ljubav stvar“, таа песна како поминуваат годините е се попопуларна во Европа.

Што те инспирира за создавање музика?

Моментот, убавината, луѓето, уметноста, инспирација добивам во најобични секојдневни ситуации. Таа не се бара таа се случува, само треба да ја препознаеш и максимално да ја искористиш.

Како го поминуваш слободното време и дали летово ќе имаш време за заслужен одмор?

Слободно време имам малку, а секој момент го поминувам со сопругата, ќерката и пријателите. Одиме во природа и тоа секогаш ми се најдрагите моменти.

На одмор најчесто одам во лето, но и во зима сакам да одим во потопли краишта. Одморот секогаш ми е потребен на мене и мојата сопруга. Се надевам декиа оваа година ќе успееме да одиме на некое убаво место каде ќе ги наполниме батериите за следниот период.

Во која држава во светот би сакал да ја посетиш, а до сега не си бил?

Егзотичните дестинации се мојата страст, но ако одлучам да одам некаде тогаш за мене нема граници. Така да до сега сум бил секаде каде што сум посакал да одам. Сеуште имам некој сонови во однос на светски концертни сали, но се во свое време.

Ти си полиглота и знаеш да зборуваш грчки, руски, англиски, полски, француски… кој јазик е следен предизвик?

Не би рекол дека сум полиглота, но да… ги зборувам сите овие јазици, некој подобро некој полошо. Музиката е сепак најубавиот јазик на светот кој секој може да го разбвере.

Кои три работи би ги земал со тебе за на пуст остров?

Ако мора да одберам 3 работи, тогаш некој музички инструмент, компјутер и мобилен.

Во Охрид имаш гостувано повеќе пати, а твоите фанови ќе те видат и на 3 август.

Што да очекуваме од претстојниот концерт?

Да, веќе еднаш бев во преубавиот Охрид. На претстојниот концерт се радувам многу.  Ми фали средба со македонската публика. Верувам дека тоа ќе биде посебен концерт со многу изненадувања во кој сите ќе уживаат.

РЕКЛАМИ:
Loading...