Home ЗАБАВА Видео Инцидент на натпревар: Наместо бакнеж, доби удар (видео)

Инцидент на натпревар: Наместо бакнеж, доби удар (видео)

SHARE

На кошаркарски натпревар меѓу Чикаго Булс и Бостон Селтикс во публиката се случила една несекојдневна сцена.

Организаторите за време на паузата меѓу третата и четвртата четвртина се обиделе да им приредат забава на гледачите, но ситуацијата излегла од контрола.

Камерманите за познатата „Kiss Cam“ одбрале еден пар од навивачите на Бостон и ги прикажале на големиот екран. Ако беше било кој друг пар, тогаш ќе следеше бакнеж.

Меѓутоа, ова момче разговарало на телефон. Кога девојката видела дека се на екранот, го удрила за да му го привлече вниманието, а тој изреагирал бурно.

За среќа, во последен момент ситуацијата ја спасил Бени, маскотата на домашната екипа. Бени пришол, го удрил момчето, ја земал девојката и ја однел во непознат правец. Тоа предизвикало воодушевување кај публиката во целата сала.

Видео: Кавга во најлошиот можен момент

РЕКЛАМИ: ---